Авиокомпаниите откажаа речиси седум илјади летови за време на божиќниот викенд, додека илјадници други летови каснат поради ширењето на омикрон низ светот.
Според страницата „Flightware“ во саботата во речиси 2800 летови биле откажани, а 850 од нив биле во САД. Одложени пак биле над 3500 летови. Летовите биле и меѓународни и внатрешни.
Во петокот биле откажани околу 2400 летови, а 11 илјади биле одложени.
За денеска, пак, истиот извор предвидува дека ќе има 800 откажани летови.
Луфтханза, Делта и Јунајтед мораа да откажат летови откако пилотите, стујардеси и членови на екипажот биле изложени на ковид.
Кинеските авиокомпании одговорни се за најголем број од откажаните летови, Чајна Истерн откажала околу 540 летови, или повеќе од четвртина од планираните, а Аир Чајна 264, исто така речиси една четвртина од планираните.
извор:блиц