Здружението Бадникови поворки-Штип и годинава се дел од „Црвен тепих на хуманоста”. Координаторката на Бадникови поворки-Штип, Милена Ристова-Михајловска вели дека годинава ќе изостанат поворките, но затоа во рамките на „Црвен тепих на хуманоста” ќе организираат хуманитарни активности, кои се насочени кон социјално ранливите семејства.
-За таа цел, на 28, 29 и 30 декември 2021 година од 12:00 до 22:00 часот ќе биде поставен пункт на едносмерната улица „Ванчо Прќе” пред „Интер фото”. Целта е да се донира и собере, исклучиво нерасиплива храна за нашите најранливи сограѓани, безгрижно и радосно да го поминат празничниот период, изјави Ристова-Михајловска.
Посочи дека штипјани се познати по својата хуманост. Лани, како што кажа, се донираше вода, овошје и честитки за пациентите во регионалниот штипски Ковид центар и за децата на одделението за Педијатрија во Клиничка болница-Штип, а во моментов се прави база на податоци на социјално ранливите семејства, на кои ќе им се донира нерасипливата храна пред Бадник.
МИА