Се вика Лионел Меси, игра во Франција и никој не му верува – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 9:31 PM

Се вика Лионел Меси, игра во Франција и никој не му верува

Еден Лионел Меси игра за ПСЖ, има седум „Златни топки“ и важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Другиот Лионел Меси исто така игра во Франција, но се прослави во нисколигашкиот фудбал поради неговото име.

Ова е приказната за другиот Лионел Меси. Момче родено на 30 март 1995 година во Камерун кое има исто име и презиме како Аргентинецот.

Како што можеше да се очекува, кога ќе им се претстави на луѓето, никој не му верува, па често мора да извади лична карта. Тој опиша како изгледа сето тоа во интервју за “L’Eekip”.

„На факултет ми приоѓаа луѓе и ме прашуваа дали моето вистинско име е Лионел Меси, ми рекоа дека ги лажам кога ќе им кажам. Затоа често морав да го докажам мојот идентитет и да покажам лична карта“, со насмевка раскажува камерунскиот Меси.

Сето тоа беше забавно за неговите пријатели.

„Одевме некаде и тие им приоѓаа на луѓето и велеа:

„Дали знаете дека мојот пријател се вика Лионел Меси?“.

Потоа ќе се обложија со нив за 20 евра, па морав да извадам лична карта за да докажам“.

Тоа имаше и некои придобивки, како на пример кога бил запрен од полиција.

“Ме спасуваше неколку пати. На мојот пријател истече регистрацијата, а полицијата ни ги зеде документите да провери. Кога го видоа моето име, почнаа да се смеат и не пуштија да поминеме неказнето”, откри Лионел Меси од Камерун.

За разлика од Аргентинецот Меси кој заработува милиони, момчето од Камерун добива околу 400 евра месечно во својот клуб, па има друга работа. Работи како магационер.

Извор и фото: mondo.rs