До Нова година има сè помалку време.
Секој сака да изгледа свежо и стегнато, а се одлучуваат за екстремни средства со надеж дека ќе имаат време да ги изгубат тие вишок килограми. Сепак, постои начин да изгледате добро без да го подложите вашето тело на тортура, изјави руската нутриционистка Елена Соломатина.
Станува збор за откажување од слатко и солено.
Според неа, од ова нема да може да ослабете многу за толку кратко време, а тоа и не е неопходно, бидејќи нашата цел е да изгледаме подобро без да му наштетиме на нашето здравје. Преземете акција веднаш, апелира нутриционистката.
Соломатина нуди едноставна опција – некое време целосно да се откаже од слатката и солената храна. Солта ја задржува водата и ако одбиете да ја консумирате ќе се ослободите од вишокот течности.
Ќе се изненадите како недостатокот на оток поволно влијае на изгледот. Избегнувањето на слатките значително ќе ја подобри состојбата на вашата кожа.
Додадете повеќе влакна, протеини и зеленчук без скроб и резултатот ќе биде очигледен, изјави специјалистот.
Извор: zdrave.to