Најпростата и најефикасна маска за коса, ќе заштедите пари и нерви – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 12:11 PM

Најпростата и најефикасна маска за коса, ќе заштедите пари и нерви

Климатските промени и секојдневниот третман премногу често имаат штетен ефект врз косата. Ако вашата коса е обоена и долга, ситуацијата станува уште потрагична.

Дамите често живеат со мислата дека долгата коса е тешка за одржување и бара многу  пари и нерви за да изгледа убаво и блескаво. Се разбира, тоа е точно, но постои народен рецепт кој без многу труд и пари ќе направи вашата коса да изгледа како од фризер по секое миење.
Во народната козметика, маслиновото масло се користи за зајакнување на косата и подобрување на растот.

Наједноставната маска е следнава: измешајте 2 лажици маслиново масло со 1 лажичка сок од лимон. Добиената смеса малку загреана на собна температура се нанесува на косата, нагласувајќи ги врвовите. Ставете капа за туширање. По 30 минути, измијте ја маската со шампон.
Уште по првата употреба, оштетената коса ќе изгледа поживо и сјајно. Од сувите и искинати рабови нема да има трага

Постапката повторувајте ја еднаш неделно и ќе имате густа, здрава и сјајна коса за која отсекогаш сте сонувале. /Здраве.то