(видео) Дрога во вредност од 200.000 евра гостиварец носел во ранец – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 11:45 AM

(видео) Дрога во вредност од 200.000 евра гостиварец носел во ранец

МВР синоќа заплени дорга – хероин во вредност од 200.000 евра, која била пронајдена кај 37-годишен гостиварец, фатен во Скопје.

-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања, соопшти МВР.

Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.