Да уживате во новите филмски остварувања, да купите уникатен, рачно изработен подарок за своите најблиски или пак да учествувате на работилница и многу да се забавувате -сето ова може да го направите на едно место, на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“, кој традиционално го одржува новогодишниот фестивал и базар, во рамки на нивната новогодишната програма.
Денеска во склоп на новогодишната програма се одржуваше една исклучително интересна „Ликовна академија“, во која можеа да учествуваат сите оние кои знаат да сликаат, но и оние кои имаат желба.
Тимот на ММС ја посети работилницата, а овие фотографии ги издвоивме за вас.