По големата загуба, прекинати семејни врски и скандали, едно е сигурно, оваа година не беше лесна за кралицата Елизабета.
Во своето традиционално божиќно обраќање таа посвети посебно внимание на оние кои ги оставаат своите животи настрана за да ги спасат сите граѓани за време на страшната пандемија на корона вирусот.
Повикувајќи се на воениот дух на Британците, кралицата ги повика сите да се соочат со најголемиот предизвик, а тоа е секако актуелната пандемија.
– Сакам да ги утешам сите оние кои се тажни поради разделбата со своите најблиски со фактот дека повторно ќе се сретнеме – рекла кралицата.
Бакингемската палата објави и фотографија од кралицата во црвен фустан, а со фотографијата која стоеше на масата до неа сакаше да му оддаде почит на својот сакан сопруг кој почина оваа година.
Нејзиното Височество важи за личност која се радува на иднината и секогаш гледа напред, па на членовите на своето семејство со кои ќе ги помине претстојните празници сигурно ќе им порача дека не треба да се задржуваат во минатото и дека има многу причини за радост .
Одбележувањето на платинестиот јубилеј од нејзиното владеење, кое е планирано за следната година, ќе овозможи милиони граѓани да уживаат и да се сеќаваат на времињата што сите ги пропуштаат, пренесува Мирор.
А во меѓувреме можеби се надева дека овој јубилеј би можел да биде повод целото семејство да се собере, да ги „стопи“ заладените односи и се да биде како порано, пред да биде предоцна.
Извор: Телеграф.рс