(Видео) Телевизор со вкусови за лижење, најновиот изум на Јапонците – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/21 2:34 PM

(Видео) Телевизор со вкусови за лижење, најновиот изум на Јапонците

Прототип на ТВ-екран, кој може да ги лиже и имитира вкусовите на храната, создаде професор од Јапонија.

Наречен „Taste-the-TV“, уредот има десет канистри кои го прскаат вкусот на „хигиенски филм“, кој се одмотува низ екранот и корисникот може да го лиже.

Професорот Хомеи Мијашита од Универзитетот Меиџи, сугерира дека телевизорот може да се користи за далечинскa обука на готвачи или сомелиери.

„Целта е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како ручек во ресторан на другата страна на светот, дури и кога се дома“, истакнува Мијашита.

Тој е во разговори со производителите за имплементација и примена на други технологии за прскање вкусови, како што е додавање вкус на тост.

Доколку се комерцијализира, телевизорот за лижење може да чини околу 875 долари.

Преземено  од: https://www.b92.net/