Пеле излезе од болница, лекувањето на туморот ќе продолжи дома – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/21 10:31 AM

Пеле излезе од болница, лекувањето на туморот ќе продолжи дома

Болницата „Алберт Ајнштајн” во Сао Паоло соопшти синоќа дека еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, е пуштен на домашно лекување, откако на почетокот на овој месец повторно беше хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево.

– Пациентот е во стабилна состојба и ќе продолжиме со лекување на туморот. Сега е пуштен дома, се наведува во болничкото соопштение.

Пеле кон средината на септември беше опериран од тумор на дебелото црево, а потоа беше подложен на хемотерапија.

Тој е единствениот фудбалер во историјата со три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.

МИА