Зависник од дрога, алкохол и секс, а препродавал и парфеми – Шок признание на актерот Џејмс Франко по обвинувањето за злоставување – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/21 9:00 AM

Зависник од дрога, алкохол и секс, а препродавал и парфеми – Шок признание на актерот Џејмс Франко по обвинувањето за злоставување

Холивудскиот актер Џејмс Франко конечно реши да проговори за тоа како се чувствува откако неколку жени го обвинија за сексуална злоупотреба. Наведе и што го поттикнало на тоа.

– Бев зависник од секс, целосно маѓепсан до тој степен што не можев да се контролирам – рекол актерот и додал дека не му била намера некого да повреди.
Како што истакна, неговите проблеми излегле од контрола кога сфатил дека не може никому да му остане верен.

– Ги изневерував сите, но се променив откако ја запознав Изабел. Не бев баш фраер за една вечер, само ќе се дружев или излегував како моите пријатели – рекол актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Franco (@officialjamesfrancoo)


Но, сексот не била единствената зависност со која се борел Џејмс. Бил зависник од алкохол и дрога, што довело до депресија. Освен тоа, имал проблеми со законот, поради пијанство, цртање графити и препродавање украдени парфеми.
Да потсетиме, откако го освои „Златниот глобус“ за улогата во филмот „Уметникот од катастрофи“, дури пет жени го обвинија актерот дека ја искористил својата позиција на учител по глума за да ги задоволи своите сексуални фантазии.

На крајот на краиштата, тој се обиде да се спогоди со точно 2 милиони и 235 илјади долари.

Извор:pink.rs

Фото: Инстаграм