Просечно четиричлено домаќинство во земјава лани имало на располагање 7.791 евро, потрошило 5.556 и било во плус од 2.235 евра- измери Државниот завод за статистика.
Според пресметките во Статистичкиот годишник за лани кој ДЗС го објави деновиве вкупно 479.207 денари се слевале во буџетот на едно домаќинство, од кои најмногу или 472.031 денари биле пари. Но од работен однос биле само 306.798 денари, останатите пари доаѓале од различни места. Вонредно- надвор од работа заработиле 10.616 денари, од пензиите на родителите им се слевале 102.010 денари, останати приходи од социјално осигурување имале 8.324 денари, а од „вујче“ од Америка лани им капнале во просек 5.851 денари.
Статистиката покажува дека домаќинствата заработувале и од земјоделство, па така лани во просек имале приход од 31.892 денаи секое. Од раситнување на заштедите лани нимале на располагање 5.385 денари, а од она што добивале во натура 7.060 денари.
Статистика измери дека во просек едно четиричлено домаќинство лани потрошило 341.715 денари од кои најголем дел 317.955 за лична потрошувачка.
За храна и безалкохолни пријалоци, според статистика, лани на едно четиричлено домачинство му биле потребни 153.753 денари, за алкохолни пијалоци и тутун 15.760 денари. Трошело во просек годишно по 14.658 денари за облека и обувки, за станарина, вода, струја, гас и други горива им биле потребни 39.235 денари, а за покуќнина,опрема за куќа и одржување 17.977 денари. Домаќинствата трошеле во просек по 10.631 денари за здравје, 19.140 денари за сообраќај, 12.169 денари за комуникации, а за рекреација и култура по 4.150 енари.
Најмалку пари, само 807 денари од домашниот буџет оделе за образование на сите четворица членови, за ресторании и хотели се трошеле 9.750 денари годишно, а за останати стоки и услуги 19.926 денари. За отплата на кредити статистика пресмета дека едно домакинство трошело 7.450 денари, а она што е најинтересно имало и за штедење, па така статистички на штедна книшка завршиле 13.876 денари. Или секој месец се тргало на страна по 1.156 денари.
(А.С.)