Директорот на Светската здравствена организација рече дека омикрон се шири побрзо од сојот делта и дека веројатно не ги заобиколува вакцинираните, или оние кои веќе биле заразени со некоја од претходните варијанти на новиот корона вирус.
За разлика од претходните соеви на вирусот САРС-КоВ-2, кои се манифестираа приближно пет до 14 дена откако лицето дошло во контакт со вирусот, симптомите на инфекција со омикрон вирус може да се појават уште во првите 48 часа.
Според апликацијата ZOE Study, пријавените симптоми на инфекција со омикрон се малку различни од оние на претходните соеви.
Клучната разлика е во тоа што мал број пациенти пријавиле губење на чувството за мирис и вкус. Исто така, помал број пациенти имаат помала веројатност да пријават треска, што беше карактеристично за претходните соеви.
Симптоми на кои треба да внимавате се:
Течење на носот
Чешање во грлото
Сува кашлица
Главоболка
Замор
Кивање
Ноќно потење
Болка низ телото, со акцент на болки во долниот дел на грбот
Лекарите во Јужна Африка објавија дека пациентите инфицирани со сојот омикрон најчесто пријавиле сува кашлица, гребење во грлото, ноќно потење и болки во долниот дел на грбот како први симптоми.
Британскиот лекар Амир Кан го опиша ноќното потење како симптом на инфекција со вирус на омикрон како потење кое бара од пациентите да се пресоблечат.
Исто така, голем број пациенти како симптоми го наведуваат губењето на апетитот и мозочната магла.
Европската унија патентираше специјален ПЦР тест за откривање на соеви на омикрон.
– Се надеваме дека луѓето сега ги препознаваат симптомите слични на настинка кои се чини дека се доминантна карактеристика на варијантата омикрон – вели британскиот професор Тим Спектор, кој ја води ZOE Study.
Пациентите инфицирани со омикрон, особено оние кои не биле вакцинирани, пријавуваат интензивни главоболки и силни болки во мускулите.
Извор: telegraf.rs