За ладни денови – Топло какао со кикирики – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 10:47 PM

За ладни денови – Топло какао со кикирики

Напиток кој ќе ве стопли во студените зимски денови.

Состојки:

(за 2 лица)

– 500 мл млеко

– 2 лажици какао

– 1 ванилин шеќер

– 60 гр млечна чоколада

– 2 лажички путер од кикирики

– шлаг, парчиња чоколадо и кикирики

Подготовка:

Истурете го млекото во сад и ставете го на оган, додадете какао, ванилин шеќер и млечно чоколадо.

Оставете да зоврие и оставете да се растопи чоколадото.

Извадете го од шпорет и измешајте го путерот од кикирики, не мора целосно да се стопи, слободно оставете ги парчињата да останат.

Истурете во чаши и декорирајте со шлаг, парчиња чоколадо и кикирики.

Извор: рс.н1инфо.ком

Фото: Shutterstock