Стојанче Ангелов додели 45 решенија за унапредување на вработени во ЦУК – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 6:18 PM

Стојанче Ангелов додели 45 решенија за унапредување на вработени во ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, денеска подели 45 решенија за интерни унапредувања на вработени во ЦУК.

– Oд вработувањата најголем дел се однесуваат на оние кои не биле внатрешно унапредени по звања од почетокот на работа во ЦУК од 2005 одина, а голем дел досега – веќе 15 години, биле и со најниски почетни звања во својата административна кариера.

Како што информираат од ЦУК реализирањето на интерните унапредувања е во реалација на унапредување и на функционалноста на ЦУК.

– Овие остварени 45 внатрешни интерни унапредувања годинава, а секако и со идните најавени во наредната 2022 година, покрај кадовско професионално унапредување во работната средина, се очекува да бидат и во контекст на веќе започнатото целокупно унапредување и функционирање на ЦУК, согласно современите текови на кризниот менаџмент во Европа и Светот, стои во соопштението.

Доделувањето на унапредувањата се одвивало на неколку последователни скратени киолегиуми распределени во работни групи, согласно организационите целини каде што припаѓаа унапредените колеги.

МИА