Стартап компанијата Епицентер сакала да го олесни секојдневното покажување на ковид пропусниците и другите сертификати, па развила микрочип помал од зрно ориз кој треба да служи како лесен начин на отчитување на Дигиталниот зелен сертификат кој се користи во Европа за докажување дека лицето е вакцинирано против ковид-19 и колку дози примило.
Чипот се става неколку милиметри под кожата на делот на дланката помеѓу палецот и показалецот во зоната на кожата која нема многу нервни завршетоци и крвни садови.
Се отчитува со НФЦ технологија и во микрочипот може да се стават неколку ПДФ документи. Чипот може да се отчитува и со мобилен телефон и други поевтини уреди, а може освен на раката, безболно да се стави секаде на телото каде што на корисникот ќе му биде најзгодно.
Чипот е околу 100 евра. Компанијата соопшти дека досега преку 6.000 луѓе во Шведска си го вградиле во текот на декември.
Овие микрочипови можат да пренесат и информации како автобуски месечни и сезонски карти, деловни ИД-картички, карти за фитнес… Во Шведска чипувањето е нормална работа и најмногу се користи за пациенти болни од деменција затоа што им помагаат квалитетно да живеат и да бидат пронајдени ако имаат проблеми со ориентацијата.
Овие чипови немаат врска со теориите на завери за чипување на луѓе поради следење. Ова е на доброволна основа и служи само за приказ на документи. Чипот не може да се злоупотреби, нема батерија, не оддава сигнал сам од себе и ги носи информациите кои ќе ги ставите на него. Тој не пристапува на локации, не може да се спои со друг уред и не собира здравствени податоци, а со тоа и не може да дели податоци.
Извор: Mondo.rs