Пендаровски: Не треба да бидеме преокупирани со тоа колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас, туку со клучни реформи дома – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 1:52 PM

Пендаровски: Не треба да бидеме преокупирани со тоа колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас, туку со клучни реформи дома

„Откако нашиот пат кон Европската Унија беше неправедно блокиран, ние целата нација, политчарите од позиција и опозиција освен разочарани, станавме опседнати околу тоа кога во Брисел ќе биде дадено зелено светло за почеток на преговорите“, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во неговоро годишно обраќање пред пратениците во Собранието.

„Јавноста е сведок дека јас сум еден од оние кои во изминативе децении бил коезистентен во ставот дека Унијата е најдобрата опција за нас и искрено едвај го чекам денот кога ќе ги почнеме, кога ќе ги отвориме преговорите, уште повеќе денот кога ќе ги затвориме преговорите за членство. Меѓутоа во актуелниот контекст кога ги знаеме нашите црвени линии и јавно ги браниме не треба да бидеме преокупирани со тоа колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас. Наместо тоа треба да бидеме опседнати со клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на нашите граѓани“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека од почетокот на бугарската блокада до денес се залага за внимателен и обмислен пристап во преговорите без нагли пресврти затоа што се работи за прашање од апсолутно најголем национален интерес.

„Кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не ви е секогаш најдобриот сојузник. Нашиот источен сосед изминатава година имаше серија на избори и независност од емоциите кои ги провоцира изборниот амбиент, она што загрижува е што слушнавме реторика која ги надминува сите досегашни тврдења поврзани со нашата историја и јазик и идентитет. Една од тие тези е дека спроведуваме системска дебугаризација што е сериозно обвинување, што се разбира нема ништо заедничко со реалноста. Невозможно е амбасадорите на 30-те држави кои имаат свои амбасади во Скопје од кои 16 се земји членки на ЕУ и кои на дневна основа ги следат состојбите кај нас да не известат во своите главни градови за еден таков процес кој доколку постои би бил рамен на геноцид“, рече Пендаровски.

Новата Влада и претседател со нов мандат, и испраќаат и поинаку интонирани пораки, вели Пендаровски. Тој додава дела со дел од нив е целосно согласен.

„Имено акцентот во нашите односи да го пренесеме од минатото во сегашноста и наместо за етничките чувства на луѓето од пред 10 векови да зборуваме за иднината, за енергетското инфраструктурно поврзување што е пример за Коридорот 8 кој никогаш не стана конкурентен на Коридорот 10, секако штета на македонските и бугарските интереси. Во врска со блокадата на европските интеграции сакам да се реферирам и на една теза која ја слушаме во последно време, а тоа дека пролонгираната состојаба на статус кво, наводно може да предизвика безбедносна дестабилизација на државата“, рече Пендаровски во обраќањето.

Г.Д