(Видео) Извинете, се занесов, рече Џибони по критиките дека се качил на маса и газел по храна – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 11:36 AM

(Видео) Извинете, се занесов, рече Џибони по критиките дека се качил на маса и газел по храна

На социјалните мрежи денеска се шират фотографии и видеа од синоќешниот настан во загрепска Лауба на кој пееше Златан Стипишиќ Џибони (53). Џибони, изгледа малку повеќе понесен од песната,  во еден момент се качил на масата и ја газeл храната по неа. Така, додека пеел, згазнал на послужавник со пршута и сирење, а потоа и куглоф.
Сплитскиот музичар беше критикуван од многумина на социјалните мрежи.
– Не знам што е потажно, тимот што му аплаудира, го поддржува и снима додека гази храна или тој самиот што го прави тоа! Божиќ во вистинскиот Божиќ – напишале на Инстаграм.

Потоа се огласи и Џибони.

– Немам оправдување, можам само да кажам дека ми е жал и им се извинувам на сите. Мене често ме понесува атмосфера, има некаква возбуда. Така често влегувам во публика, ми се случувало да се качам на маса, но не вакво нешто – изјави Џибони за Вечерњи лист и додаде дека сметал дека вечерата одамна е завршена.

– Прво се качив на столче, ми беше ниско, па застанав на масата. Одеднаш стапнав во две пршути, а потоа во куглоф. Тогаш не го забележав тоа, но денес кога ја гледам снимката навистина ми е жал. Не сум „дерле“ дека не ја разбирам ситуацијата. Па, јас би бил првиот што би рекол „овој не е нормален“, да беше некој од моите колеги – ни рече Џибони и додаде дека е подготвен на сите осуди, а луѓето со право се згрозени од видеото. Можам само уште еднаш да се извинам и да кажам дека ми е жал“, заклучил музичарот.

Видеото со настапот на Џибони погледнете го на овој линк.
https://www.vecernji.hr

Фото: Facebook