Опуштете се, нема нови мерки и забрани за Нова Година – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 11:45 AM

Опуштете се, нема нови мерки и забрани за Нова Година

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека сегашните рестриктивни мерки се доволни во пресрет на новогодишните празници и нема потреба од воведување на нови, изјави денеска на прес конференција.

„Со оглед на тоа што собири на јавни места има секаде, а кулминација ќе се доживее за време на новогодишните празници и сето тоа ќе спласне, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто и специфично само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред Нова година традиционално има секаде во огромен број, луѓе се собираат“, изјави Филипче.

Тој истакна дека секвенционирање се прави само кога ќе се забележи промени во епидемиолошката слика. Вели ако има зголемување на бројот на случаите во одреден регион и во цела држава, во тој случај ќе се прави секвенционирање.

Филипче смета дека досегашните рестриктивни мерки се доволни иако има редовна комуникација со претседателот и членови на Комисијата за заразни болести.

„Телефонски се слушаме секојдневно со претседателот и со дел од членовите  во рамките на таа група што ја имаме за координација, секојдневно разменуваме сугестии, се споделуваат искуства од околните земји и земјите од Европа. Засега не се планираат никакви дополнителни рестриктивни мерки во однос на тоа што е сега. Сметаме дека ова што е сега препроака, и во однос на излез и влез на земјата е да се бара целосна вакцинација или ПЦР тестирање или потврда за прележан ковид е сосем доволна“, вели Филипче.

Опфатот со вакцинација според новиот попис е некаде помеѓу 50 дури 55 отсто ако се исклучат децата, сепак е висок, вели Филипче. Болниците се растеретени, ковид центрите се затвораат, следната недела целата интерна клиника ќе се врати во нормална работа. Пациентите со ковид ќе бидат сместени на Инфектвната клиника и оделот за ТБЦ, дополнително ни дава за право да сметаме дека ситуацијата е навистина мирна.

„Не можеме да предвидиме како ќе биде, дали некоја нова варијанта на вирусот ќе придонесе да влоши епидемилошката состојба и затоа акцентот го ставаме на вакцинацијата. Сега има нови студии дека значајно се зголемува ефикасноста на вакцините, против најновиот сој омикрон кога се прима третата бустер доза“, изјави Филипче.

На новинарско прашање за што најмногу жали што не успеал да направи во време на неговиот мандат, Филипче го одвои проектот за изградба на новиот Клинички центар за кој смета дека е од круциално значење за здравствениот систем.

Со неговиот наследник вели не се познава лично, но ќе иницира состанок.

„Сакам да пренесам дел од тоа што значеше реорганизација на здравствениот систем во однос на третманот на ковид пациентите. Во однос на пораката за било кој функционер од сега понатаму е да е отворен, транспарентен и достапен за новинарите во било  кое време“, вели Филипче.

Г.Д