По скратена постапка 60 наши граѓани во Чикаго добија пасоши – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 9:36 AM

По скратена постапка 60 наши граѓани во Чикаго добија пасоши

Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД, непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од таму посочуваат дека досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопшти МНР.
Ова, како што велат, претставува позитивно изненадување за нашата дијаспора во САД
– Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на оваа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга”, вели генералниот конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.

(МИА)