Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да вршат одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал.
Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од тестот може да послужи како здравствена пропусница дури и без вакцинација.
Атал наведе дека во Франција во последните 24 часа се регистрирани околу 73.000 нови случаи и дека основната цел на оваа пропусница е да се укине можноста за добивање сертификат со негативен тест, кој ќе се добива само со вакцинација.
– Бранот што е пред нас ќе биде многу силен, рече Атал, додавајќи дека варијантата омикрон сочинува околу 20 отсто од новите инфекции со вируси во Франција и брзо се шири, особено во регионот на Париз.
За разлика од другите европски земји, Франција не планира нови ограничувања, а Атал рече дека државата има средства да се бори против следниот бран на инфекции преку кампања за вакцинација и масовно тестирање.
МИА