Во Индија се случила неверојатна војна на животни, па морале да интервенираат локалните власти, а сторителите на вистинскиот масакр биле фатени.
Индиските медиуми кон средината на минатата недела објавија дека, најверојатно, откако глутница кучиња убила млад мајмун, започнала страшна одмазда.
Поголема група мајмуни во индиската држава Махаршатра, поточно во градот Лавула, тргнале да фатат млади кучиња во градот и да ги убијат фрлајќи ги од згради и дрвја.
Се проценува дека во текот на неколкунеделната одмазда на овој начин биле убиени околу 250 кученца, а властите досега фатиле двајца виновници.
Според „Њусвик“, двајцата мајмуни со одлука на властите се префрлени во друга шума, исто така во областа Бид, за да се запре крвавиот пир поради кој мештаните тврдат дека во Лавула повеќе нема млади кучиња во непосредна близина.
– Два мајмуни вклучени во убивањето кученца се фатени од „Одделот за шуми Нагпур“ и ќе бидат преместени на другиот крај – истакна за индиската агенција АНИ, надлежниот шумски службеник Сацин Канд.
Драмата се одвивала на околу 480 километри од Мумбај, а полицијата и споменатите служби морале да реагираат кога социјалните мрежи биле преплавени со снимки од мајмуни кои држат кучиња на покриви и гранки, или кучиња кои бркаат мајмуни по улиците, додека жените и децата се засолниле.
Бидејќи се случија мајмунски напади врз некои деца, а неколку мештани беа повредени при обидот да спасат млади кучиња, дојде до голема интервенција на надлежните служби.
Засега доведе до „апсење“ на двајца криминалци кои ќе го продолжат животот далеку од местото на злосторството.
Извор: Новости.рс