Буџетот на Македонија е три пати помал од данокот што Илон Маск ќе го плати за ова година – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/21 2:33 PM

Буџетот на Македонија е три пати помал од данокот што Илон Маск ќе го плати за ова година

Илон Маск, најбогатиот човек на светот и основач на компанијата „Тесла“ и сопственик на „Space-X“ објави на Твитер дека оваа година ќе плати 11 милијарди данок, што е трипати повеќе отколку што изнесува државниот буџет на Македонија.

Маск претходно се вклучи во јавната дебата на социјалните мрежи за данокот откако минатата недела сенаторката Елизабет Ворен од редовите на Демократската партија напиша дека најбогатиот човек во светот треба „да престане бесплатно да ги оптеретува сите останати“, пренесе Би-Би-Си.

Порталот на компанијата Блумберг проценува дека богатството на Илон Маск изнесува 243 милијарди долари, вредноста на компанијата „Тесла“ на околу 1.000 милијарди долари, а компанијата „Space-X“ на 100 милијарди.

Извор и фото: Mondo.rs