(Видео) Пристигна најслаткиот „командат“ во Белата Куќа – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/21 9:40 AM

(Видео) Пристигна најслаткиот „командат“ во Белата Куќа

Американскиот претседател Џо Бајден го претстави најновиот член на неговото семејство, кученцето од германски овчар наречен Командер.

На својот официјален Твитер профил синоќа, Бајден објави слика од тримесечно кученце, мажјак со натпис „Добредојдовте во Белата куќа, Командер“.

Тој објави и кратко видео на кое се гледа како му фрла топка на кучето и го води во Белата куќа на поводник.

Четиримесечниот Командер пристигна во Белата куќа вчера и е подарок од братот на Бајден и снаата Џејмс и Сара Бајден, изјави портпаролката на првата дама Џил Бајден.

Се чини дека неговото име е игра со статусот на Бајден како врховен командант на американските вооружени сили.

Портпаролката на првата дама изјави и дека во јануари во Белата куќа ќе дојде нова мачка. Џил Бајден веднаш по победата на нејзиниот сопруг на претседателските избори во ноември 2020 година изјави дека ќе земат мачка.

Чамп почина, Мајор каснал луѓе во Белата куќа

Бајден имаше уште два германски овчари, Чамп и Мајор во Белата куќа пред да дојде Командер. Тринаесетгодишниот Чамп почина во јуни, додека тригодишното куче Мајор, по неколку случаи на гризење луѓе во и надвор од Белата куќа, беше вратено во домот Бајд во Делавер на одредено време.

Сепак, Бајден реши да го испрати Мајор надвор од Белата куќа, во помирна средина по консултациите со ветеринарите и тренерите. Наведено е дека одлуката не е поради конкретен инцидент, туку е донесена по неколкумесечно размислување и разговор со експерти.

Преземено од: https://ba.n1info.com/
Фото: Handout / The White House / AFP