Кралицата на ромската песна, Есма Реџепова Теодосиевска, направи кариера за која многумина може да сонуваат. Веќе пет години не е неѓу нас и она непроценливо богатство што го оставија со СтевоТеодосиевски зад себе, а таа го подари на државата до ситница е уништено.
Штета за државата, штета за сите нас кои живееме во неа што не успеавме да го сочуваме споменот.
Ново омаловажување, како што напиша Симеон Атанасовски, последното од нејзините деца, стасало од нејзина колешка. Тој разочаран од се што слушнал за Есма и, како што вели, го здоболело, бидејќи таа не го заслужува тоа. Вели нејзиното име нема да го каже, ќе раскаже се во книгата што ја пишува, но јавно сподели како некои кои и се правеле блиски, сега зборуваат гнасотии за неа.
-Изреволтиран од информацијата која што ми ја даде близок пријател. Сакам да им дадам до знаење на сите оние кои имаат исто мислење како дотичната “колешка” или можеби подобар назив за неа пејачка, бидејќи не заслужува да го добие епитетот – уметник. Впрочем во непосреден разговор со мој близок пријател,изјавила:”Која е таа Есма? Нема врска од пеење, туку само завива како оџите од џамија.” Јас пред се,се извинувам на сите муслимани што морав да ја цитирам и да го напишам овој збор. За мене сите вери се исти и постои само еден Бог. Би можел да го кажам следното и да и одговорам на дотичната пејачка, бидејќи сум сигурен дека ќе се пронајде во овој текст, а до овој момент мислев дека е пријателка на нашето семејство. Секогаш кога ќе ја сретнеше Есма, трчаше во нејзината прегратка за Есма да и раскажува во кои се светски сали има настапувано.
Она што е најважно за Есма Реџепова Теодосиевска иако не беше биолошка мајка, таа изгледа 48 деца, кои што денес се, пред се вистински луѓе, а потоа и врвни уметници. Ова се однесува на сите оние кои го делат мислењето на дотичната “пејачка” бидејќи сум убеден дека ги има многу од нив. Кога ќе постигнете барем дел од овој успех, на како што велите “циганката која завива”,тогаш можете да коментирате, вели Симеон и додава:.
-Ќе набројам неколку успеси на Есма Реџепова а ги има многу:
*Прогласена за Кралица на ромската музика во цел свет (1976 год., Индија)
*Златна плоча “Зошто си ме мајко родила”
*Златна плоча “Свадба македонска”
*Златна плоча “Чае шукарије”
*Примадона на Европско пеење(1995 год.,Бон,Германија)
*Пејачка на милениумот( 2000 год.,Москва,Русија)
*На популарното радио НПР во Америка е ставена во листата на 50-те врвни гласови од цел свет ( 2010 год.). На оваа листа и правеа друштво Марија Калас, Ела Вицчерланд,Махалија Џексон,Нусрад Фатех, Али Кан,Иги Поп итн.
*Два пати номинирана за Нобелова награда за мир
*Национален уметник на Р. Македонија
Фото: Фејсбук