Во Велика Британија недостасуваат Дедо Мразовци – Дневницата е тројно зголемена – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 7:48 PM

Во Велика Британија недостасуваат Дедо Мразовци – Дневницата е тројно зголемена

Во Велика Британија има криза за работниците за време на празниците.

Особено за време на празниците недостигаат професионални Дедо Мразовци. Така, на едно место за вработување можат да се најдат стотици работни места за оваа позиција, а единствениот услов е лицата да бидат подготвени да облечат костум на Дедо Мраз за саатница или дневница и да направат се што се очекува од него.

Од оваа работа во Велика Британија можете многу добро да заработите за време на новогодишните и божиќните празници. Според медиумите, годинава часовите за оваа позиција се дури тројно зголемени.

„Дедо Мраз и неговите помагачи не се имуни на недостатокот на сезонска работна сила“, вели Џек Кенеди од сајтот за вработување, истакнувајќи дека нудат дневници до 800 фунти, што е околу 936 евра.

Според него, пандемијата многу влијаела на недостигот на работници, бидејќи работата на Дедо Мраз порано ја работеле постари мажи, кои во моментов се изложени на ризик поради пандемијата на короната, а решиле да не аплицираат оваа година поради описот на работата и многуте контакти.

Според Кенеди, дополнително оваа година има помала побарувачка за сезонски работни места. Резултатите од едно истражување покажале дека дури 78 отсто од испитаниците рекле дека не сметале на средбата со Дедо Мраз оваа година. Една третина рекле дека би биле разочарани доколку Божиќ помине без Дедо Мраз.

Извор: Мондо.рс