Европската агенција за лекови одобри нова вакцина против ковид. Станува збор за вакцината „Новавакс“, која се јавува и под името „нуваксковид“.
Тоа е петта вакцина одобрена од оваа агенција на територијата на ЕУ, по Фајзер, Астразенека, Модерна и Џонсон и Џонсон. Новата вакцина се препорачува за оние над 18 години, а сега за се треба да одлучи Европската комисија.
Истражувањето на Европската агенција за лекови покажало ефикасност од над 90 проценти, но тоа се однесува на претходните соеви. Ефикасноста на Новавакс на сојот омикрон останува да се потврди. Исто така, се истакнува дека секундарните ефекти од оваа вакцина се генерално благи или умерени и дека исчезнуваат неколку дена по вакцинацијата.
Станува збор за класична вакцина, базирана на технологија слична на онаа што се користи за вакцините против хепатитис Б.
Преземено од: https://www.novosti.rs/