На првата официјална средба што грчкиот премиер Кирјакос Мицитакис со новиот бугарски колега Кирил Петков, се зборувало и за ЕУ интеграцијата на Македонија, но на прес конференцијата оваа тема ја спомена само Мицотакис.
На краткиот прес пред бугарските и грчките новинари, Мицотакис рече дека ситуацијата на Балканот била една од темите на разговор.
-Што се однесува до ситуацијата на Балканот, грчката позиција е дека во период на растечки предизвици, праведен пат на Западен Балкан кон ЕУ е во корист на сите. Нашата земја отсекогаш била лост за напредок во целиот регион, изјави Мицотакис и додаде:
-Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините средби со РС Македонија и Албанија. Сметаме на вашата поддршка за оваа заедничка цел, кажа грчкиот премиер.
Новиот бугарски премиер Петков со ништо не ја спомена Македонија.
Двајцата премиери разговарале и за енергетската состојба, мигрантите, пандемијата, а договориле приоритетот да биде ставен на грчкото поврзување како стратешко значење за двете земји.