Албанија, Србија и Северна Македонија ќе формираат заеднички пазар на труд – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 1:03 PM

Албанија, Србија и Северна Македонија ќе формираат заеднички пазар на труд

Mеѓу шесте договори што ги постигнаа Вучиќ, Рама и Заев во Тирана на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“,  е и заедничкиот пазар на труд меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија.
Според претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, Отворен Балкан не е збир на потписи и договори, туку идеја за мир и просперитет во дел на Европа кој отсекогаш се сметал за проблематичен, особено сега во ситуација на економска криза, енергетска криза, криза во транспортот и работна сила.
Тој потсети дека и претходно биле потпишани меморандуми за соработка, а дека сега се готови договорите кои овозможуваат на почетокот на следната година да имаме заеднички пазар на труд.
-Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни, за да немаме проблем што ја чинеа економијата многу пари, посочи Чадеж, кој рече дека смета оти иницијативата Отворен Балкан претставува момент на приближување кон регионот на ЕУ.
-Кога ќе погледнете како се развиваше ЕУ и која беше новата надеж на тогашна Европа, која беше затечена од омраза и од војни, тоа тргна од економијата. Најважна работа е довербата преку заедничката работа на лидерите и бизнисмените, што се прелеа и во политиката, оцени Чадеж.

(МИА)