Левичарскиот политичар, со хрватско потекло, Габриел Бориќ (35) вчера стана најмладиот претседател на Чиле, победувајќи во до крај неизвесната трка со екстремно десничарскиот кандидат Хозе Антонио Каст на изборите што се кулминација на растот на популарсноста на проресивната левица во државата.
Gracias Chile!
Seguimos! pic.twitter.com/3UafHgZeH7
— Gabriel Boric Font (@gabrielboric) December 17, 2021
Врз основа на 99,5 отсто од преброените гласови, Бориќ освои 55,87 отсто од гласовите, пред кандидатот на десницата Хозе Антонио Каст, кој освои 44,13 отсто, објави Чилеанската изборна комисија.
Бориќ официјално ќе ја преземе функцијата на 11 март следната година. По прогласената победа тој изјави дека ќе се бори против еколошки штетни проекти, меѓу кои се и експлоатацијата на бакар и злато.
I’ve seen enough! Boric wins the presidential election in Chile! pic.twitter.com/cjHW1AH5ov
— Brady Shields 🌹🌎💉🔻🚰 Kristof hate account (@bradypshields) December 19, 2021
– Со уништување на светот, ние се уништуваме себеси. Не сакаме повеќе проекти кои ја уништуваат нашата земја, нашата заедниц“, рече тој.
Противникот Каст вчера го призна поразот и му честиташе на идниот претседател.
МИА
Фото: Twiter