Спанаќот е лесно сварлив зеленчук богат со витамини А и Ц, железо, калциум и калиум. Поради високиот процент на вода, тоа е нискоенергетска храна која особено се препорачува за луѓе кои внимаваат на внесот на калории.
Младите листови спанаќ можат да бидат и одлична основа за фина салата, која може да се направи за само неколку минути. Свежиот млад спанаќ одлично ќе одговара со есенските овошја полни со антиоксиданси како калинката и крушата, но и со солено сирење како фета.
Доколку вообичаено имате проблеми со чистењето на калинките и за тоа ви треба многу време, ви нудиме и добар трик. Овошјето пресечете го на половина, половина од калинката навалете ја на голема чинија со исечениот дел свртен надолу, а потоа лесно допрете ја површината на овошјето со дрвена лажица. Слаткото и киселото семе лесно ќе се одвојат од кората и се спремни за понатамошна употреба.
Состојки за салата:
150 гр свежо млади листови спанаќ
100 гр излупена калинка
75 гр фета сирење
1 круша
За прелив:
1-2 лажици маслиново масло
1 лажица балсамико оцет
1 лажица мед
1 лажичка сенф
сол и бибер по желба
Подготовка:
Измијте го спанаќот и исцедете го вишокот вода. Измијте ја крушата и исечете ја на тенки парчиња. Исчистете ја калинката. Се дроби фета сирењето на помали парчиња. Во поголем сад или чинија измешајте ги сите состојки. Во посеен сад измешајте ги маслото, балсамико оцетот, медот, сенфот, солта и биберот и прелијте ги сите состојки. Со среќа!
Совет плус:
Доколку не внимавате на калориската вредност на садот, во салатата можете да додадете парчиња ореви и пржени парчиња сланина.
Преземени од: zadovoljna.dnevnik.h
Фото: Shutterstock