Загинати и повредени при уривање на мост во провинцијата Хубеи во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/21 1:09 PM

Загинати и повредени при уривање на мост во провинцијата Хубеи во Кина

Четири лица загинаа, а осум се повредени откако се урна дел од мост во градот Ежоу, во централната кинеска провинција Хубеи, соопшти провинциската сообраќајна и полициска управа.

Несреќата се случила во саботата околу 15 часот и 36 минути, кога се урнал дел од мостот со рампа што се протега преку автопатот. Три камиони на мостот паднале, а еден автомобил бил смачкан под урнат столб. Сообраќајот во двата правци на автопатот е блокиран, соопштија властите, пренесе Кинеското радио Интернационал.

Прелиминарната истрага покажува дека преоптоварен камион тежок 198 тони при падот се скршил на два дела.

Гувернерот на провинцијата Хубеи и заменик-гувернерот пристигнаа на лице место за да ја водат спасувачката работа, а сообраќајните полицајци и пожарникарите продолжуваат да обезбедуваат амбулантни возила.

Истрагата за причините за несреќата се уште е во тек.

Преземено од: https://informer.rs/
Фото: Printskrin Ruptly