Синот на Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ, Стефан, иако избегнуваше да зборува за киднапирањето во медиумите, откри што памети од тој болен настан.
Стефан Живојиновиќ (29) по кратката и доста успешна пејачка кариера се повлече од јавноста и моментално живее во странство. Тој порано избегнуваше да разговара со медиумите за киднапирањето, но во една прилика откри дека, кога се сеќава на се, има само едно чувство во сеќавањето – страв!
-Се плашев дека тоа ќе ми бидат последните денови од животот. Имав само осум години, но бев многу свесен за опасноста. Чувствував неопислив страв. Таму каде што си, не знаеш што ќе се случи. Во еден момент само се помирив со ситуацијата, бидејќи сфатив дека ништо не можам да направам. Како и да е, научив една важна лекција од тоа страшно искуство, научив да го ценам секој ден и се трудам да го искористам максимумот, бидејќи никогаш не знам кој ќе ми биде последен. Генерално, ги надминав траумите, иако сите ние во семејството сè уште имаме некои стравови во срцето – рече Стефан.
– Колку е потежок вашиот пат, толку посилни ќе бидете! Глупаво ми е да го кажам тоа, кога животот ми беше главно мед и млеко, а киднапирањето е мојата најголема траума. Сепак, не сум јас виновен што се родив како син на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ… Нема да ме паметат само по киднапирањето, туку по гласот, песните… Не сакам да ме сожалуваат, нема да бидам „мизерен“ на никого – заврши Стефан.
Извор: Курир.рс
Фото: Драгана Удовичиќ/Курир.рс