Вчера во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на ул.„Чаирска“ во Скопје била пронајдена почината К.Н.(41) од Скопје.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.