Во последните 24 часа направени се 2.740 тестирања, а се регистрирани 327 нови случаи на ковид-19, оздравени се 325, а починале 12 лица, информираше Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Скопје има 159, Кавадарци 25, Прилеп 24, Битола 17, Гевгелија 13, Охрид 12, Куманово 9, Свети Николе 8, Штип 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово по 5, Кичево и Ресен по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод по 1.
Регистрирани се 325 оздравени пациенти: од Скопје 171, Кавадарци 28, Прилеп 25, Битола 18, Куманово 13, Кочани 9, Радовиш 8, Тетово и Штип по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар по 5, Велес и Кичево по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово по 2, Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1.
Починале 12 лица, 6 од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021, од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г.
Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 220.794, на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а на активни случаи изнесува 5.437.
Објавено на: 12/17/21 4:01 PM