Шокантно: Апасиев предупредува на нов скандал кој го планира Филипче пред да замине од функција! Еве за што се работи е насловот на текстот објавен на македонски портал, што е уште еден од низата текстови, каде просто се копира статус од социјална мрежа.
Текстот пренесува статус на лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, кој пишува:
„Министерот за задгробен живот, пред заминување, покварено се обидува да отвори врата за ПРИВАТИЗАЦИЈА НА БРЗАТА ПОМОШ, преку навидум безначајна измена на Законот за здравствена заштита!!!
Тоа што во насловот порталот го ставил „шокантно“, треба да биде силна мамка да се отвори текстот, каде е пресликан статусот од социјална мрежа. Новинарите во порталот не се потрудиле да тргнат по наводите од напишаното и во најмала рака да го прашаат политичарот и надлежните институции и да се уверат во точноста на пишувањето. Новинарството е професија, која презентира факти и во тие рамки треба да работат новинарите и медиумите.
Статусот најавува дека со законски измени се подготвува приватизација на службата за Итната помош, а при тоа, нема аргументи во прилог на тоа тврдење. Начинот на пишување за политичарот не е нов, ниту прв таков, меѓутоа медиумот што го пренесува, имал обврска да ги побара фактите.
Во Насоките за етичко известување на онлајн медиумите пишува:
„При користењето информации добиени од социјалните мрежи, од веб-страници, блогови или други извори на интернет, онлајн медиумите внимателно ќе ја проверат нивната веродостојност и кредибилност“.
Од друга страна, во Кодексот на новинари стои дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.
За приватизација на службата на Итната помош во јавноста во 2019 година зборуваше министерот за здравство Венко Филипче, за што во 2018 година беше распишан тендер за изработка на физибилити студија за оценување на оправданоста. Одговор за тоа дали законските измени водат во приватизација на Итната помош побаравме од надлежното Министерство за здравство за предложените измени на Законот за здравствена заштита. Министерството демантира дека службата ќе се приватизира.
–Со измените на Законот за здравствена заштита нема Итната медицинска помош да се приватизира, туку станува збор за зајакнување на капацитетите на Брзата помош, и регулирање на ПЗУ-ИТЕ кои истата ќе може да ја дадат со лиценца добиено од Министерството за здравство, одговори ПР службата на Министерството.
При пренесувањето на статусот на политичарот, порталот прави уште едно прекшување и станува канал за говот на омрза. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се’ уште актуелниот министер за здравство Венко Филипче го нарекува „министер за задгробен живот“. Македонската јавност се’ уште добро памети кога поранешниот министер за здравство Никола Тодоров беше нарекуван „министер за смрт“, што во водеше кон серија јавни напади со изрен говор на омрза во медиумскиот простор.
Новинарите според Насоките за етичко известување во онлајн медиумите не само што се обврзани да внимаваат на јазикот во јавниот простор туку и:
„Во исклучителни случаи на екстремен говор на омраза од поединци или групи, обврска на онлајн медиумот е да ги критикува јавно нивните ставови нагласувајќи ги штетните последици од нив за пошироката заедница и за групите кон кои се изречени“.
И уште еднаш потсетуваме, не е новинарски текст пренесен статус од социјаллните мрежи, туку новинарството се базира на проверени факти.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.