Топол пијалак од ѓумбир кој го зајакнува имунитетот и штити од настинки – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 8:50 PM

Топол пијалак од ѓумбир кој го зајакнува имунитетот и штити од настинки

Вкусен и топол пијалак од ѓумбир ќе ве стопли во зима и ќе ви помогне да се одбраните од настинки.

Постојат многу природни лекови за зајакнување на имунолошкиот систем. Можете да го користите секој за себе или неколку различни видови во комбинација. Без разлика дали ќе се одлучите за само едно лековито растение или храна или сте спремни да експериментирате и мешате, сигурно ќе го најдете идеалниот и целосно природен лек за вашето тело. Поточно, во зголемувањето на ефикасноста на одбранбениот систем на човечкото тело, ѓумбирот, медот и лимонот ја покажаа својата ефикасност.

Постојат многу начини да го консумирате, а со користење на овие намирници во медицински цели, вашиот имунитет ќе биде силен, а телото соодветно ќе реагира на негативното влијание на слободните радикали и обидите за развој на инфекции.

Состојки: свеж ѓумбир, 1 литар вода, 3 лажички домашен мед, 1 лимон

Подготовка: Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Во шерпата ставете го ѓумбирот, прелијте го со вода, па варете најмалку 15 до 20 минути на умерена температура, потоа тргнете го од оган и оставете го да отстои уште најмалку 5 минути. Ѓумбирот се одвојува од течноста, се засладува со мед, се додава лимон по желба и се пие топол.

Извор: Пинк.рс

Фото: Pixabay.com