Барањето за префрлување на осудените за Диво Насеље ќе го почека завршувањето на судските постапки – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 11:37 AM

Барањето за префрлување на осудените за Диво Насеље ќе го почека завршувањето на судските постапки

Косовската претседателка Вјоса Османи на прес конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Приштина одговори на новинарско прашање дали Косово официјално ќе побара осудените косовски државјани кои ја отслужуваат затворската казна во Македонија за случајот Диво Насеље да бидат префрлени во косовските затвори. Според Османи, ќе почекат да завршат сите почнати судски процеси.

-Моментално случајот е во Врховниот суд и откако ќе донесе одлука судот и завршат сите судски процеси внатре во Макединија. Ние видовме дека и самиот премиер Заев е подготвен да има за меѓународна  истрага како и вклучување на меѓународни експерти да ги разгледаат тие докази  и во овој случај  Република Косово ќе даде поддршка. И се надевам дека  соработката што постои меѓу двете министерства за правда да оди чекор напред и за овие прашања да се дискутира на институционално ниво. Се’ друго што би кажале надвор од ова, би биле политички изјави кои не помагаат за спор кој е во судска постапка, изјави Османи.

Темата со осудените косовари се актуелизираше во косовскиот Парламент, но премиерот Албин Курти тврди дека до сега нема официјална иницијатива за ова, и не може ништо да направат додека не заврши случајот на Врховен суд во Македонија.

-Нивното преместување се врши индивидуално, а не групно и постапката за преместување започнува со барање на лицето кое ја издржува казната. Засега немаме ништо официјално за ова“, рече косовскиот премиер Курти.