„Од него ја наследив добрината“ – Вонбрачниот син од Канада стаса на помен на пејачот Маринко Роквиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 12:28 PM

„Од него ја наследив добрината“ – Вонбрачниот син од Канада стаса на помен на пејачот Маринко Роквиќ

Семејството и пријателите на Маринко Роквиќ денеска, го посетиле неговиот вечен дом, каде се одржала панихида по повод 40 дена од смртта на пејачот.
На поменот биле синовите Никола и Марко, сопругата Славица, снаата, а дошол и вонбрачниот син на Маринко од Канада, Дарио.

-Дојдов вчера, ќе останам 10 дена. Се сеќавам каков добар човек беше, ни остави пример, остави песни и спомени. Омилена песна ми е „Ме заведоа светлата на големиот град“. Сега сум кај Марко, ќе бидам и кај Никола, заедно сме од мали, се дружиме“, рекол Дарио и признал дека како семејство секогаш се држат заедно:


„Децата ни се дружат, се слушаат преку видео, мора да бидеме силни и обединети. Иако живеам во Канада се држиме заедно. Нема да се преселам во Србија,  ми се допаѓа Канада , но ќе дојдат тие кај мене“, рекол тој за телеграф.рс.

Синот на пејачот вели дека од својот татко наследил само добри особини.
„Работлив, упорен, Маринко се гордееше што успеавме и што сме добри родители. Имавме неколку разговори кога бев пред два месеци… Имаше убави моменти, се дружевме, ме викаше Даки. Тој додаде дека неговите деца не зборуваат српски, но со задоволство ги гледаат видеата на нивниот дедо и слушаат песни.