Кошаркарот на Голден Стејт, Стив Кари, испиша историја во НБА лигата, соборувајќи го рекордот на Реј Ален според постигнати тројки во синоќешната победа над Њујорк со 105:96.
На Кари му беа потребни само три обиди да дојде до својата втора тројка на дуелот во „Медисон Свер Гарден” и негова вкупно 2.974-та во кариерата со што го собори рекордот, кој досега беше во сопственост на Ален (2.973), од 2011 година како член на Бостон. Покрај тоа, Кари е единствениот кошаркар во историјата на НБА кој во една сезона постигнал најмалку 400 тројки.
Кари по уфрлената рекордна тројка доби овации во легендарната њујоршка сала, во која покрај неговите родители, беа присутни и довчерашниот рекордер Реј Ален, како и уште една НБА шутерска легенда, Реџи Милер.
Кари натпреварот го заврши со 22 поени, погодувајќи вкупно пет тројки од 14 обиди.
Преостанатите два натпревари одиграни синоќа во НБА лигата беа одлучени по продолженија – Бостон пред своите гледачи го совлада Торонто со 131:129, додека Феникс славеше со 111:107 во Портланд.
МИА
фото: www.aa.com.tr