Светската здравствена организација соопшти дека ја истражува смртта на речиси 100 луѓе кои починале од непозната болест во Фангак во Јужен Суден.
Минатата недела тамошното Министерство за здравство извести дека непознатата болест усмртила десетици луѓе на подрачјето кое е едно од најпогодените во неодамнешните поплави.
Локалните здравствени власти велат дека првите примероце земени од тоа подрачје дале негативни резултати на тестовите за колера.
– Одлучивме да испратиме тим за брза реакција кој ќе оди и ќе направи поцена на ризиците и истрага, ќе се земат примероци од болните. Првично добивме бројка дека имало 89 смртни случаи, рече за „Би-Би-Си“ Шејла Баја од СЗО.
Таа додаде дека подрачјето Фангак поради полавите не е достапно преку копно, па чекаат хелихоптер да ги врати во главниот град Јуба во среда.
извор:Н1