Радост во семејството на малата Бехра – Се роди со 665 грама, со 2.190 си замина од болница и е најмалото бебе во 2021 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/21 2:05 PM

Радост во семејството на малата Бехра – Се роди со 665 грама, со 2.190 си замина од болница и е најмалото бебе во 2021 година

Најмалото бебе родено во 2021 година е малата Бехра. Таа пред неполни три месеци се роди до 665 грама и долга 30 сантиметри. По 67 дена поминати во болница, малата принцеза денес си заминува дома.

-Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година. Оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија  Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земаат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа, рече министерот Филипче.