(видео) Таа дупка навистина е дупка – повторно се отвори кратерот на патот кај Косоврасти – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/21 10:26 AM

(видео) Таа дупка навистина е дупка – повторно се отвори кратерот на патот кај Косоврасти

Повторно се отвори дупката кај  Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар-Маврово, која се отвори на 16 октомври. Поради тоа, сообраќајот на овој дел, на делница Дебар-Жировница,   се одвива неизменично по оспособена девијација.

-Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчина од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот  со материјал-песок, ја пренесува МИА изјавата на Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

Според најавите, сообраќајот се очекува да се нормализира за неколку часа.

 

фото и видео: социјални мрежи