Харназ Санду (21), Мис на Индија, е прогласена за победничка на изборот за Мис Универзум за 2021 година, на 70. Светски избор за убавина, кој се одржаа во Израел. .
Победничката Санду зад себе остави 79 убавици од различни земји. Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај, Надија Фереира, додека Мис Јужна Африка ,Лалеу Мсване беше избрана за втора придружничка.
Оваа година во светскиот фокус е глобалното затоплување, а секоја претставничка на изборот за Мис Универзум требаше да покаже како секој од нас може да помогне да се спаси нашата планета со мали промени во однесувањето.
View this post on Instagram
Харнааз Санду од Индија на натпреварот се претстави како силен поборник за јакнење на жените во светот. Работи како актерка, а најголема инспирација и се славната Пријанка Чопра и нејзината мајка, која е гинеколог, а со која уште од мала волонтирала во кампови за девојчиња, образувајќи ги за хигиена. Во слободното време се занимава со јога, танцување, готвење, јавање и играње шах.
Жирито го сочинуваа Адријана Лима, познат топ модел, водителката Адамари Лопез, поранешната Мис Универзум, Ајрис Митенаер, актерката Маријан Ривера, познатата боливудска актерка Урваски Раурела и добитничката на Еми наградата Рена Софер.
View this post on Instagram
“Знаеш дека си уникатен и тоа е она што те прави убава, престанете да се споредувате со другите. Верував во себе и затоа стојам овде денес”, рече Санду, добивајќи бурни овации.
Домаќин на изборот беше комичарот Стив Харви, кој во еден момент и кажа:
„Слушам дека правиш прилично добри имитации на животни, да ја слушнеме од тебе најдобрата“.
Ја збунил со ова прашање, но таа сепак решила да почне да мјаука за да го направи она што го побарал Стив од неа.
Steve Harvey asks Miss India to do animal impressions while other finalists get solid questions 🙄 luckily she took it all in stride. She’s now Miss Universe ! https://t.co/IuaSvEoqea
— Demerzel (@demerzel_f) December 13, 2021
“О Боже мој, Стив, не очекував да го направам ова на светската сцена. Морам да го направам тоа, немам друг избор. Подгответе се сите”, рекол Санду пред да мјаука.
Ова прашање предизвика дебата на социјалните мрежи и многу гледачи на изборите сметаат дека ова прашање е несоодветно.
„Дали само мислам дека Стив Харви е постојано несоодветен и продолжува да прави непријатни гафови? Побарајте од Мис Индија да гласа како мачка…“, „ За среќа, таа го прифати и сега е Мис Универзум “,” Мис Индија е поборник за зајакнување на жените. Затоа Стив ја замоли да глуми животно. Затоа што таа мрази жени “, „Мјаукаше Мис Индија додека другите натпреварувачи зборуваа за нивните успеси “, само се некои од коментарите.
Ridiculous that #HarnaazSandhu was asked to meow on stage but boy that girl was on confidence adrenaline… !!
Steve Harvey asked Miss India to do an animal impression while other Miss Universe contestants got to speak about their accomplishments https://t.co/elMUqMynlq
— Maya (@Sharanyashettyy) December 13, 2021
Извор: www.24sata.hr/www.index.hr
Фото: Инстаграм/ принтскрин