Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека земјата во 2022 и 2023 година ќе набави уште околу 30 хеликоптери и дека ќе биде хеликоптерска велесила во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.
„Голем број хеликоптери се набавени годинава и претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери следната година и во 2023 година. Очекуваме уште вкупно 18 плус 12 хеликоптери, “ изјави Вучиќ по демонстрацијата на хеликоптерски единици на Воздухопловните сили и ПВО и 63-та падобранска бригада во Ниш.
Вучиќ порача дека Србија ќе има и 11 хеликоптери Х145, потоа четири Ми35, три Ми17, плус 11 или 12 Ми35, кои ги купуваат половни од една членка на ЕУ.
-Значи, ние ќе бидеме, ако можам така да кажам, хеликоптерска велесила во овој регион, нагласи Вучиќ.
Тој денеска пред новинарите изјави дека на средбата со компаниите од одбранбената индустрија на Србија е донесена одлука за помош на домашната наменска индустрија со 145 милиони евра во првиот квартал од 2022 година.
Како што кажа денеска е донесена одлука и дека Србија во следните пет години ќе нарача опрема, оружје и орудија, возила и муниција, мини, ракети од домашната наменска индустрија во вредност од 1,25 милијарди евра.
Вучиќ истакна дека со зголемувањето на платите на припадниците на војскатае запрен одливот на луѓе од армијата.
миа
фото-kurir.rs