Да се биде природен е најдобрата формула за успех во повеќето животни ситуации, но во некои, како на пример кога сакате да ве забележи, не е на одмет малку да глумите и да користите мали трикови.
Облека
Уште еднаш се потврди дека облеката го прави човекот. Во мода се пругите и дезените, но еднобојната облека покажува дека имате повеќе енергија и повеќе самодоверба. Сепак, избегнувајте црна облека која остава премногу сериозен впечаток. Освен, се разбира, ако не носите мал црн фустан.
Поправка на облеката
Суптилно средување на облеката, како што е исправање на плисирано здолниште, им дава до знаење на мажите дека сакате да изгледаат добро за нив, а тоа им го подига егото.
Потпетици
Штиклите се секси за мажите, но балетанките можат да бидат уште посекси ако едната ја наместите на врвовите на прстите додека седите. Полуотстранетиот чевел покажува дека имате разигран ум, а доколку сте ги прекрстиле нозете, погрижете се ногата што е горе да е онаа што е подалеку од типот што ви се допаѓа. Во спротивно, ќе добие впечаток дека не сте отворени за нови познанства.
Прерамки
Голите рамена мажите ги поврзуваат со гради, па така фустанот без прерамки или кошулата без ракави е непогрешлив избор за привлекување внимание. Кога ќе забележите дека ве гледа, спуштете ги благо рамениците и тој ќе се движи кон вас како хипнотизиран.
Самодоверба
Потпрете се на шанкот со едната рака за да не изгледате вкочането. Самодовербата е секси, но не претерувајте и не ги држете ги рацете на колковите, бидејќи така нема да изгледате предизвикувачки, туку напротив, недостапно.
Поглед
Малку спуштената брада и погледот малку нагоре додека разговарате со некого (или само гледате во него) изгледа многу кокетно и привлечно. Кога зборувате, внимавајте додека седите да не ги прекрстувајте рацете пред вас. Тој тоа ќе го сфати дека повеќе би сакале да бидете на друго место.
извор: Espreso.co.rs