Паштетата од грашок е многу вкусна и одлично оди со тестенини, крекери и леб. Грашокот е одличен извор на железо, витамин Б1 и калиум, а содржи и влакна кои помагаат во намалување на холестеролот.
Ви предлагаме да го пробате намазот од грашок кој сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
250 гр грашок
100 гр свежо нане
три лажици маслиново масло
среден лимон
три лажици мелени бадеми
малку чили во прав
сол, бибер
Подготовка:
Гответе го грашокот во солена, зовриена вода, потоа исцедете го и малку изладете. Во блендер се ставаат грашокот, нането, свежо цедениот сок од лимон, бадемите и маслото и се меша додека не се добие пирето. Додадете сол, бибер и чили во прав. Изладете ја паштетата во фрижидер, па послужете ја со леб или крекери.
извор и фото: informer.rs