„Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места“, потврдија за МИА од МЕПСО. Причината за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи.
-Во југозападниот дел од земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево во 11.35 без напон останаа два 110-кило-волтни далноводиод Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на тререн, работат на санирање поситни дефекти кои не влијат на снабдувањето со електрична енергија, велат од МЕПСО.
Додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.
Објавено на: 12/11/21 4:38 PM