„Сакам да одам во школо како сите деца“, вели низ солзи Лена, ќерката на Гордана Гоџо, една од предводничките на протестите против ковид мерките. Како што е снимено во видеото Гоџо сака нејзината ќерка без маска да влезе во училиштето, но вработените во училиштето, како што налагаат протоколите, ја убедуваат дека без маска не може да влезе внатре.
И додека детето растревожено плаче, возрасните се расправаат околу протоколите.
-Дали сте нормални што им правите на децата. Не сум купила маска две години. Од што ве штити маската. Од што ве штити оваа крпа, меѓу другото вели Гоџо, додека се расправа со вработените.
На ова директоката вели дека протоколите не ги донела таа и дека мора да се почитуваат.
Снимката, која трае дури 20 минути, ја покажува вербалната расправија на возрасните, кое се случува пред очите на децата, а што никако не смее да се прави.
На крајот на видеото Лена, сепак, влезе во училиштето, дали со маска или без маска, не се знае, но се знае дека беше растревожена и тажна.