„Ме боли што ме озборуваат, а не знаат ништо за моето здравје“ – Џенифер Анистон во солзи прозборе за мајчинството – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 10:08 AM

„Ме боли што ме озборуваат, а не знаат ништо за моето здравје“ – Џенифер Анистон во солзи прозборе за мајчинството

Холивудската актерка Џенифер Анистон (52) одговори на обвинувањата дека ја отфрлила шансата да стане мајка поради нејзината актерска кариера. Таа изјави за “The Hollywood Reporter” дека луѓето не знаат ништо за нејзината медицинска историја.
По разводот со Бред Пит, актерката во 2016 година изјави дека отсекогаш сакала да има деца, и дека сè уште ги сака. Анистон стана голема ѕвезда благодарение на серијата „Пријатели“, но ја погодија шпекулациите за нејзиниот приватен живот.
– Сето тоа го разбрав многу приватно, тие гласини за бременост и коментари дека избрав кариера наместо деца. Ми пречеше тоа што овие луѓе немаа поим што се случува во мојот приватен живот, каква е мојата здравствена состојба, зошто не можам… Дали можам да имам деца? Тие не знаат ништо за тоа – рекла актерката и тие коментари ги нарече „болни“ и „просто зли“.

Анистон се осврна на општеството во кое живееме и објасни дека сепак е во ред мажите да стапат во брак повеќе од еднаш и да имаат 30 години помлада жена и дека припадничките на понежниот пол треба да бидат обвинувани и огорчени доколку ситуацијата е обратна.

Фото: Инстаграм